Околу осумдесетмина штипјани ќе се обидат да го фатат светиот крст во Штип

Околу осумдесетмина штипјани ќе се обидат да го фатат светиот крст во Штип

Православните верници се подготвуваат за одбележување на големиот христијански празник Богојавление - Водици. Чествувањето во Штип ќе започне со свети архиерејски литургии во храмовите, каде верниците ќе лицитират за светиот крст.

Потоа, по традиција, верниците ќе се упатат кон мостот на Ново Село и градскиот базен, каде ќе се одржи церемонијата на фрлање на крстот во осветените води.

Годинава над 80 момчиња ќе си ја си ја испробаат среќата да го фатат светиот крст. По крстот во Брегалница ќе скокаат 50-тина, на градскиот базен околу 30 момчиња. Се верува дека оној што ќе го фати крстот, ќе биде берикетен цела година.

Богојавление се смета за еден од поголемите христијански празници. Верниците на овој ден го слават крштевањето на Исус Христос од свети Јован во реката Јордан и јавувањето на Бог во три лица.

Назад кон: Штип

ljuban.jpg

Следете нè

 

stamenik

Ice-baner.jpg

kouzon-baner

ssss.jpg

Пријатели

 

prijatel telekabel

prijatel opstina stip

prijatel inter foto

prijatel motiv plus

 

Посетеност

Имаме 5 гости присутни

karate_baner.jpg

mozzart

demiks

polyesterday

power