I Love Stip

Го знаете ли Борат од Балканот?

Е-пошта Печати PDF

За ликот и делото на Екрем Јевриќ(куча, пос'о) на кои не е во ред  да им се потсмееш, The Independent одвои простор и напиша сериозен текст...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Толку сериозен, што освен што го прогласуваат за балкански Борат, новинарите од The Indеpendent сметаат дека “господин-човек“ Јевриќ успеал со својот хит да ги обедини народите од бившата Југославија (!).

Британскиот весник опишува и како човекот-феномен по потекло од Црна Гора бил дочекан како крал кога за првпат по почетокот на војната во '90-те се вратил во татковината. На просторите на бивша Југославија ѕвездата, пишува Independent, стекнала статус на вистински “селебрити“ - за него дискутираат музичките критичари, а луѓето го канат да пее по бројни свадби. Екрем е баран и во американските клубови, особено во градовите каде има многу иселеници од овие простори.

И видео клиповите од неговите настапи во САД (на кои, во паузите меѓу изведбите, господин човекот си ги чепка забите со кредитна картичка) имаат повеќемилионска гледаност. Сепак, Екрем се пожалил дека “луѓето од YouTube не му платиле ни цент“, а на прашањето зошто е толку популарен, одговорил: „Луѓето очигледно препознале дека пејам чиста вистина“. Така е Екреме, до тоа ќе да e хаха...

  Dim lights Embed Embed this video on your site

 
Вие сте овде: Почетна Содржина Опуштено Го знаете ли Борат од Балканот?

Инфо / Контакт / Маркетинг

Ако сте заинтересирани за соработка или рекламирање со I Love Stip можете да стапите во контакт со нас на следниве начини